-->
-->
Гризман ги договорил условите со Манчестер Јунајтед
-->
Францускиот репрезентативец и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ги договорил условите за негов премин во Манчестер Јунајтед.
Според информациите кои ги лиферуваа медиуми на островот, а повикувајќи се на извори од англискиот клуб, Гризман во Манчестер Јунајтед ќе има идентична плата како својот сонародник и добар пријател Пол Погба и таа ќе изнесува 18 милиони евра по сезона.
Останува само во следниот период да биде одредена отштетата за францускиот репрезентативец. Познато е дека Атлетико бараше околу 100 милиони евра, па тука некаде ќе се движи и сумата што Јунајтед ќе му ја плати на шпанскиот клуб.
Францускиот репрезентативец досега има 135 меча за Атлетико и дал 71 погодок. Во Манчестер Јунајтед тој би требало да биде замена за Вејн Руни, бидејќи шпекулациите велат дека капитенот ќе го напушти „Олд Трафорд“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Не може да се прогласи човек за виновен, доколку покрај изјавата нема материјален доказ
-
Неделава променливо облачно и нестабилно време
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Голема полициска акција: Мрежа од 50 лица со лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии
-
83 годишен затвореник почина во затворот во Штип