Фудбал
2. February 2017 - 10:00

Гризман ги договорил условите со Манчестер Јунајтед

Францускиот репрезентативец и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ги договорил условите за негов премин во Манчестер Јунајтед.
 
Според  информациите кои ги лиферуваа медиуми на островот, а повикувајќи се на извори од англискиот клуб, Гризман во Манчестер Јунајтед ќе има идентична плата како својот сонародник и добар пријател Пол Погба и таа ќе изнесува 18 милиони евра по сезона.
 
Останува само во следниот период да биде одредена отштетата за францускиот репрезентативец. Познато е дека Атлетико бараше околу 100 милиони евра, па тука некаде ќе се движи и сумата што Јунајтед ќе му ја плати на шпанскиот клуб.

Францускиот репрезентативец досега има 135 меча за Атлетико и дал 71 погодок. Во Манчестер Јунајтед тој би требало да биде замена за Вејн Руни, бидејќи шпекулациите велат дека капитенот ќе го напушти „Олд Трафорд“.