Гризли мечка нападна и усмрти велосипедист во САД
Гризли мечка нападна и усмрти велосипедист во Националниот парк „Глејсер“ во сојузната американска држава Монтана.
Во соопштението на локалната полиција се вели дека трагичниот инцидент се случил околи 1,5 километри од еден од влезовите во Националниот парк.
Вооружени полицајци, тргнале во потрага по големата мечка веднаш по инцидентот, но властите на Монтана не даваат други детали за потрагата.
Нападите од мечки, а посебно гризли, се ретка појава во овој дел од САД. Од 1910 година, па досега се регистрирани само десет смртни случаи.
Полицијата не го соопштува идентитетот на последната жртва, освен дека станува збор за 38-годишен маж, вработен во американската служба за шуми.
Тој и уште еден велосипедист возеле низ шумата и со велосипедите го исплашиле големото диво животно, кои ги нападнало. Убиениот бил грабнат од своето седло, а другиот бил силно турнат од велосипедот.
Во Канада има околу 20.000, додека во Алјаска близу 30 илјади гризли мечки. Во другите американски сојузни држави нивната бројка се движи меѓу 1.400 и 1.700 животни.
Од 1975 година гризли мечките се третираат како заштитен животински вид.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци