Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
Американскиот претставник за трговија Џејмисон Грир денеска потврди дека таканаречените реципрочни царини, најавени од претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе стапат во сила утре.
Грир изјави дека САД моментално преговараат со околу 50 земји, но дека не можат да го чекаат исходот од тие разговори.
– Царините стапуваат во сила истовремено со започнувањето на непосредните преговори, рече Грир.
Новата царинска стапка, која се применува на речиси сите земји, е дополнување на постојните мерки. Сепак, неколку земји нема да бидат погодени од новото зголемување, бидејќи уште од 5 април се под постојна царина од 10 отсто на целиот увоз.
Меѓу земјите што се изземени од утрешните повисоки царини се Обединетото Кралство, Аргентина, Австралија, Бразил и Саудиска Арабија.
Ново на Сител
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја