Грицкањето на сончоглед е здрава навика - Еве зошто!
Грицкањето сончоглед не е само заразна навика за пред телевизор, според медицинските лица јадењето сончоглед е здраво и полезно за организмот.
Слаткото и крцкаво семе од сончоглед е и одличен извор на калории, есенцијални масни киселини, витамини и минерали.
Овој богат извор на хранливи материи ретко го гледаме како храна која може да не засити, и токму поради таквиот третман често знаеме да претераме со ова вкусно семе без да сфатиме дека всушност сме го прејале нашето тело со калории и други материи.
Сепак, во нормални количини сончогледовото семе е многу добро за нашето здравје. Еве неколку причини поради кои е добро да се јаде сончоглед:
Здрави коски
Семките на сончогледот се полни со магнезиум, кој е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави. Сончогледот ги спречува и грчевите и болките во мускулите, а богат е и со бакар кој обезбедува флексибилност на коските и зглобовите. Со редовно консумирање на овие семки може да се спречи појава на артритис.
Метаболизам
Сончогледот е богат со витамин Б, кој обезбедува обнова на оштетените ќелии и создава нови. Исто така тој го забрзува и метаболизмот, па доколку имате проблем со столицата редовно грицкајте сончоглед.
Кожа
Семките на сончогледот се богати со витамин Е, важен витамин за здравјето и убавината на кожата. Со негова помош може да се спречи стареењето на кожата.
Холестерол
Сончогледот е богат со масти, но токму тие масти успешно го разградуваат холестеролот.
За побрзо варење на храната
Семките се богати со диетални влакна кои го забрзуваат процесот на варење на храната. Доколку почувствувате тегоби од ваков тип, земете еден грст сончоглед и стапете во акција.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара максимални затворски казни за Урош Блажиќ за масакрот во Мало Орашје и Дубона
-
Кешишев за сменетата изјава: Палчо ми кажуваше што да напишам, ја напишав бидејќи се плашев
-
Каранфилова-Пановска: СДСМ мора да ја врати довербата кај граѓаните
-
Мицкоски не е импресиониран од кадровскиот избор на опозицијата
-
ОН: Секојдневно умираат 140 жени како последица на насилство од интимни партнери и членови на семејствата
-
Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие
-
Тешко повреден млад скопјанец кој излетал надвор од патот за Средно Водно
-
Брод со туристи кој тргнал на нуркање потонал во Египет