Грета Тунберг со јасен политички став – поддршка за Бајден во американската претседателска трка
Светски познатата млада активистка за зачувување на животната средина, Грета Тунберг, денес на Твитер објави дека му дава целосна поддршка на претседателскиот кандидат на изборите во САД, Џо Бајден.
Шведската тинејџерка додаде дека никогаш не се мешала во политичките партии, но дека претстојните избори во САД се над тоа.
„Од климатска перспектива ова е далеку од доволно и многумина од вас, се разбира, поддржуваат други кандидати. Но, мислам, знаете, по ѓаволите! Организирајте се и убедете ги сите да гласаат за Бајден “, напиша Тунберг.
Тунберг, која стана планетарно популарна откако во 2018 година почна штрајк против климатските промени, што потоа доведе до формирање на глобалното движење „Петок за иднината“, може да ги привлече младите гласачи, кои вообичаено помалку излегуваат на гласање.
Откако магазинот „Тајм“ ја прогласи Тунберг за личност на годината во 2019 година, американскиот претседател Доналд Трамп се потсмеваше со неа на Твитер, пишувајќи и дека треба да работи на своите проблеми со контрола на гневот.
Во изборната трка во САД Трамп се залага за ослободување на автомобилската и енергетската индустрија од трошоците што пропишуваат здравствена заштита и заштита на животната средина, додека Бајден се фокусира на новата масивна зелена инфраструктура.
Ново на Сител
-
Против лицата кои го малтретираа кучето Феликс, поднесено е обвинение
-
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
-
Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши
-
Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопје
-
Дизелот поскапува за две денара, цената на бензините не се менува
-
ДУИ бара пратениците да добиваат безбедносен сертификат без проверки, власта ги одби
-
Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено