Грците бараат уште десетина хулигани, пронајдени се два клучни докази, пишуваат грчките медиуми
Грчката полиција се уште се обидува да открие кој го уби 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис за време на хулиганските немири кои се случија во Атина пред повеќе од една недела. Грчките медиуми објавија нови информации за истрагата.
Во наредната недела, пишува Прототема, ќе бидат познати резултатите од ДНК примероците собрани од 105 уапсени хулигани. Примероците собрани од уапсените ќе се споредат со оние пронајдени кај убиениот 29-годишник за да се утврди дали некој од нив е убијците.
Според информациите од полицијата, пишуваат грчките медиуми, во наредната недела ќе бидат објавени податоци за околу 60 предмети кои по нередите беа одземени и собрани околу стадионот на АЕК.
Властите ја фокусираа својата истрага на два ножеви на преклопување кои беа идентификувани и запленети и се сметаат за клучни докази во случајот, пишува „Прототема“. Едниот наводно е на уапсениот со албанско потекло, а другиот на 23-годишен Хрват. Полицијата се надева дека анализата на примероците од ДНК од ножевите ќе даде нови информации кои ќе помогнат да се идентификува убиецот.
Полицијата смета дека се уште не се уапсени сите хулигани кои учествувале во нередите, а се трага по уште 10-12 лица, Хрвати и Грци. Грчките медиуми пишуваат дека полицијата верува дека овие хулигани се кријат во Грција и чекаат да се смири ситуацијата, по што планираат да избегаат.
Полицијата утврдила и дека најмалку 5-6 хулигани кои биле уапсени и снимени за време на нередите учествувале и во инцидентите што се случија во ноември 2015 година во Атина, на натпреварот од Лигата на шампионите. Грчката полиција тогаш идентификуваше 35 хрватски навивачи кои учествуваа во нереди со српски навивачи. Тогаш беа уапсени неколку лица, од кои некои беа уапсени и во немирите минатата недела.
Ново на Сител
-
Киното се враќа во Кочани, „Мистер Бин“ го наполни дворот на училиштето „Никола Карев“
-
Мицкоски за коалицирањето со ЗНАМ и ВРЕДИ за локалните избори: Разговорите се конструктивни, сите детали ќе се знаат во втората половина на август
-
Министерот Алиу на средба со хонорарците во Тетовската болница, ќе има административен тест по што ќе следи вработување
-
Посебен режим на сообраќај во Куманово поради велосипедска трка, изменет и јавен превоз
-
Две лица загинаа, 10 се водат како исчезнати во поплави во источна Кина
-
Во Србија ќе се формира тело од 10 членови за ревизија на избирачкиот список
-
30-годишник од Шутка ја принудувал петгодишната ќерка да питачи во Дебар
-
Едногодишно дете од Липковско се затруло со лекови