Грција втор ден зафатена од невремето „Даниел“
Екстремните временски појави со обилен дожд, молњи и силен ветер што ги донесе невремето Даниел во Грција, продолжуваат и денеска во повеќе делови на земјата, а противпожарната служба за 24 часа примила над 1.100 повици за помош, јави дописничката на МИА од Атина.
Во градот Волос што вчера беше најпогоден од невремето, предизвикана е голема материјална штета на патната инфраструктура, но и на објекти, едно лице го загуби животот, а едно е исчезнато, додека пак синоќа беше евакуиран дом за стари лица.
Во поширокиот регион на градот, односно во областа Магнисиа во сила е забраната за движење, откако жителите добија порака од бројот 112 за итни случаи, а иста порака утрово беше испратена и до сите оние кои се во Кардица во централна Грција.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека од вчера наутро, заклучно со 6 часот утрово примиле 1.196 повици за помош и над 250 лица во различни области зафатени од невремето, со помош на пожарникарите биле пренесени на безбедни локации.
Според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, вчера била регистрирана рекордна количина дожд на дневно ниво во изминатите најмалку 17 години.
Кусо пред 21 часот синоќа во областа Загора во Пилио паднале 754 милиметри дожд, во моменти кога просечно во Атина годишно се регистрираат 400 милиметри.
Невремето „Даниел“, според најавите од метеоролозите, се очекува да трае до утре.
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник