Грција воведува „self testing“ - новиот вид тестови ќе овозможи полесно отворање на земјата
Грчките власти најавија нов вид на тестови наречени „self testing“ кои во комбинација со процесот на имунизација според грчката Влада ќе овозможат полесно отворање на земјата.
Важно „оружје“ во отворањето на активностите, како што рекоа и Хардаљас и алтернативниот министер за здравство на Грција, Василис Кондозаманис, ќе биде можноста граѓаните сами, во нивните домови да се тестираат, односно преку т.н. „self testing“.
Кондозаманис, на вчерашната прес-конференцијата објасни дека од почетокот на април, тестовите бесплатно ќе бидат достапни за граѓаните преку аптеките, по еден тест седмично во период од два месеца, а во првата фаза се разгледува можноста приоритет да имаат лицата до 67 години, односно економски активните граѓани.
Во случај на позитивен резултат, ќе треба да се пријави на специјална платформа и ќе се прави дополнителен тест за проверка, додека пак во следниот период ќе има детални протоколи за начинот на употреба.
Алтернативниот министер за здравство на Грција рече дека за постепено отпочнување на економската активност во земјата, вработените во поморството, малопродажбата, во големите компании, во туризмот, во угостителството и судството, задолжително ќе треба да прават брзи тестови еднаш седмично.
Паралелно, Владата, според Кондозаманис, ќе донесе законска одредба за задолжителна употреба на „self testing“, еднаш седмично за просветните работници и учениците, за безбедно отворање на училиштата.
За останатите граѓани, тестовите за домашна употреба нема да бидат задолжителни.
Ново на Сител
-
Бунт во затвор во Еквадор, 14 загинати и 14 повредени
-
Путин: Русија ќе се придржува до Нов СТАРТ уште една година по истекот на Договорот
-
Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО
-
Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
-
Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба
-
Тепачка меѓу две групи во Неготино откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект
-
Малолетник на електричен тротинет украл чанта од девојка додека седела во угостителски објект во Центар
-
Тешко повреден 18-годишник на мопед во Охрид откако автомобил удрил во него