-->
-->
Грција: Вакцинираните лица можат да одат во ресторани без маска
-->
Грција ќе овозможи на луѓето кои се целосно вакцинирани да престојуваат во рестораните и во баровите без маски, соопшти денеска грчката влада, во желба да ја зголеми стапката на вакцинирани.
– Прва цел е да се олесни проектот за вакцинација. Да донесеме што повеќе луѓе во центрите за вакцинирање – изјавил грчкиот министер без ресор Јоргос Герапетритис, пренесува Ројтерс.
Луѓето кои не се целосно вакцинирани ќе може да влегуваат во ресторани, театри и во кина, ама ќе мора да покажат негативен брз тест, соопштиле властите.
Од 15 јули, според соопштението, прв пат на спортските настани ќе биде дозволено присуство на вакцинирани гледачи, но тие ќе мора да носат маски.
Носењето маски и натаму ќе биде потребно во театрите и во кината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава