Грција распоредува дополнителен број војници на егејските острови

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос наредил распоредување на дополнителен број војници на островите во источниот дел на Егејското Море и во реоните долж копнената граница со Турција, во услови на зголемени тензии меѓу Атина и Анкара.
Каменос најави дека на островите и во реонот на реката Марица ќе бидат распоредени дополнителни 7.000 војници.
- Доколку се обидат да оспорат и една педа од нашата територија, ние Грците ќе ги уништиме обединети, изјави Каменос во обраќање пред учесниците на воената вежба на грчката армија на островот Икарија.
Според Каменос, целиот грчки народ мора да биде внимателен поради „непријателот кој продолжува да провоцира“.
- Не се плашиме и нема да паднеме на колена поради нивните провокации, закани и навреди. Тие само не прават посилни. изјави Каменос, кој е лидер на десничарската партија Независни Грци, која е помалиот владин партнер на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
