Грција постигна договор со кредиторите за следните реформи на Атина

Грција соопшти дека постигнала договор со претставници на кредиторите во рамки на третата ревизија на програмата за помош што ќе ги одреди следните рати од помошта.
– Постигнавме договор со претставници на институциите за сите прашања, изјави министерот за финансии Еуклид Цакалотос.
Од вторникот тој и министерот за економија Јоргос Статакис разговараа со претстваници на евриопската унија, ЕЦБ, Европскиот стабилизациски механизам и ММФ.
За да добие зелено светло за деблокада на кредитите Грција мора во декември да исполни 95 отсто од преземнеите обврски меѓу кои и реформа на јавните служби и социјална заштита, либерализација на пазарот за енергија и забрзување на приватизацијата.
Конечниот заклучок од третата евалуација на грчката програма ќе биде претставен до еврогрупата на 22 јануари и би требало тоа да отвори пат за нова транша за државата под услов грчкиот парламент да усвои барани реформи.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
