Грција планира да го назначи семејството Ротшилд како консултант за долгот
Грчките власти планираат да ја назначат консултантската компанија на американското семејство Ротшилд за советник при преструктуирање на државниот долг на земјата, со цел да завршат конфликтите со кредиторите и да се избегне банкрот, пишува весникот „Фајненшал тајмс“.
Според весникот, грчката Влада планира тоа да се случи пред средбата на министрите за финансии од еврозоната на 20 февруари. Компанијата „Ротшилд“ ќе ја консултира Грција во сите области, кои ги опфаќаат нејзините долгови, вклучувајќи го и водењето на преговорите со кредиторите и обновување на издавањето на грчки обврзници.
Грчкото Министерство за финансии и компанијата „Ротшилд“ одбија да ги коментираат ваквите информации.
Од 2010 година земјите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд и одобрија на Грција спасувачки кредити во износ од околу 250 милијарди евра. Моментно грчкиот долг надминува 315 милијарди евра, или 175 отсто од бруто домашниот производ.
Ново на Сител
-
Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
-
Европската комисија „Фон дер Лајен 2“ стапува на должност
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си