Грција од понеделник ги отвора границите за одредени земји

За неколку конкретни земји, во кои брзо напредува процесот на имунизација, Грција од понеделник ќе ги укине рестрикциите и туристите ќе можат или со сертификат за вакцинација или со негативен ПЦР тест да влезат во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Информацијата денеска ја потврди портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на редовниот брифинг со новинарите, која истакна дека за туристите ќе важат истите правила и рестрикции како и за грчките граѓани и нема да можат да патуваат од еден во друг регион, туку ќе треба да останат н нивната дестиација.
-Станува збор за некои земји, тоа е пилотско отворање, мини спроведување на „Green pass”и се однесува на посетители кои може да дојдат или со сертификат за вакцинација или со негативен ПЦР тест направен 72 часа претходно. За нив ќе важат истите ограничувања што важат и за грчките граѓани, рече Пелони и додаде дека во многу од овие земји постојат рестрикции за излез на граѓаните од нивните земји, па така „не се однесува на многу голем број на посетители”.
Ројтерс, повикувајќи се на анонимен висок претставник од грчката Влада, вчера објави дека од следната седмица за државјаните на земјите членки на ЕУ, на Велика Британија, САД, Србија, Израел и Обединетите Арапски Емирати, ќе се укине задолжителниот карантин по пристигнувањето, а ќе биде задолжитлен или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест.
Целта на грчката Влада, според најавите и официјалните соопштенија, како што веќе има објавено МИА е отворање на туризмот на 14 мај.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
