Loading Video...
Свет
28. July 2020 - 16:36

Грција од денеска воведе задолжителен негативен тест за патниците кои ќе пристигнат од Бугарија и Романија

Атина со нови рестриктивни мерки на аеродромите иако премиерот Мицотакис на социјалните мрежи  најави постепено отворање на земјата за посетителите. Грција од денеска воведе задолжителен негативен тест, не постар од 72 часа, за патниците кои ќе пристигнат во земјата со авион од Бугарија и Романија. Истата мерка продолжува да важи и за сите оние кои во Грција влегуваат преку граничниот премин Промахонас со Бугарија.  Границите остануваат затворени за македонските граѓани кои се наоѓаат на листата  не небезбедни држави.  Министерството за туризам ги олабави само рестрикциите за крузерите, за кои од  1 август се отвораат шест грчки пристаништа. За разлика од  Грција , Бугарија ја крена рампата за македонските туристи , но само доколку покажат негативен ПЦР тест. Бројот на заболени во оваа земја е во пораст последниов месец. Во последните 24 часа се потврдени 200 нови случаи, и вкупно 10 620  заболени од корона.

Вакцината против коронавирусот  најверојатно ке биде  достапна во октомври или  најдоцна  ноември, најави директорот на американскиот национален институт за алергии и заразни болести  Ентони Фаучи.

Тој претходно порача дека  вакцината за COVID-19 ќе биде „широко достапна“ и ќе биде на располагање на сите на кои им е потребна.

Во САД е започната последната фаза на клиничко испитување, во која учествуваат 30 000 доброволци. На вакцината работат над  150 компании  во светски рамки , од кои 25 веќе ја тестираат на луѓе. Во исто време германските власти но и британскиот премиер предупредија дека има знаци за нов бран на корона вирусот.

Лидерот на Северна Кореја  Кин Џонг Ун за време на прославата на 67 годишнината од корејската војна, порача дека веке нема да има војни  бидејќи  нуклеарното  оружје им ја гарантира безбедноста.

Изјавата доаѓа во моментот кога се стопирани разговорите  за уништување на нуклеарната и ракетна програма во замена за укинување на меѓународните санкции кон оваа земја.

Иако се чинеше дека  Ким Џон Ун и Доналд Трамп по првата средба  пред две години ќе постигнат договор, на вториот самиот во Виетнам тие надежи пропаднаа.