Грција очекува помала рецесија од предвидената од кредиторите

Грција оваа година ќе има помала рецесија од онаа што ја предвидоа нејзините кредитори при подготвувањето на програмата на новиот пакет за помош, изјави синоќа грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос.
Тој не посочи конкретна вредност на рецесијата што ја очекува, но додаде дека предлог-буцетот на Грција, што беше објавен во понеделникот, бил подготвен врз основа на прогнозата за пад на грчката економија за 2,3 отсто во 2016 и за 1,3 проценти во 2017 година.
- Новите прогнози за третиот квартал се многу подобри од оние што ги имавме во август. Поради тоа премиерот во понеделникот изјави дека Грција може да очекува раст, нагласи Цакалотос за време на дебатата во грчкиот Парламент.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во понеделникот изјави дека во втората половина на 2016 година може да се очекува економијата на Грција да почне да бележи раст.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
