Бизнис
29. September 2017 - 10:38

Грција очекува финансирањето од ЕИБ годинава да достигне две милијарди евра

Грција очекува финансирањето од Европската инвестициска банка (ЕИБ) оваа година да достигне до две милијарди евра.

Ова го најави претседателот на ЕИБ Вернер Хојер во интервју за грчката агенција АНА-МПА.

Хојер истакна дека Грција е на трето место во европската класификација на банката во однос на инвестициите кои се реализираат во рамки на Европскиот фонд за стратешки инвестиции.

Тој утре ќе ја посети Атина, со цел потпишување на договорот за финансирање на Грција со грчката банка Пиреа.