Македонија
29. јуни 2020 - 16:57

Грција најави отворање на ,,Евзони‘‘ од среда

Грција  од среда отвора вкупо седум гранични премини меѓу кои и преминот Евзони со Македонија. Копнените граници се отвораат и со Албанија, Турција и Бугарија, соопшти портпаролот на грчката Влада.

-Задутре ќе се отворат пристаништата, но и копнените граници Евзони, Какавија, Кристалиопиги, Промахонас, Нимфаиа, Кастанија и Кипи. Владата прави се максимално да ги заштити здравствените работници, туристичките места, а во сила остануваат заштитните мерки против корона вирусот. 

Портпаролот Пецас немаше одговор дали грчката граница ке биде отворена за државјани од трети земји. Тој истакна дека се уште се  чека ЕУ да излезе со листа на држави чии граѓани ке можат да  влезат во земјите на Унијата. Пецас порача дека Грција ке излезе со свои позиции, во случај да не може да се постигне договор. Истата дилема ја имаат и во Брисел.

Во меѓувреме, грчките власти се пофалија дека нивните дестинации се најбарани за авионски карти. Грција  вчера објави и протокол за патување,  кој предвидува пополнување формулар за локација и селективен скрининг на патници.