Грција ќе направи сѐ што може за да им помогне на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Неформалниот работен појадок на шефовите на дипломатиите од ЕУ и од Македонија и Албанија, што се одржа во понеделникот во Брисел, по иницијатива на Грција, според грчки дипломатски извори поминал во многу подобра клима од претходни неформални состаноци со европски министри во рамките на грчките напори да им се помогне на двете земји да добијат датум, а како особено важен факт го посочуваат учеството на 20 министри, јави дописничката на МИА од Атина.
Иницијативата на Грција е во рамките на грчката политика заснована на солунската агенда според која Атина цврсто ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот.
Грчки дипломатски извори брифираат дека Атина ќе направи сѐ што може за да им помогне на двете земји, коментираат дека Грција сака на север да има стабилни соседи со европска иднина, а кога ќе созреат условите Македонија и Албанија може да бидат најдобри сојузници на Грција.
Истите извори, како што јави дописничката на МИА од Атина, паралелно објаснуваат дека Грција е против раздвојување на кандидатурите, односно дека Македонија и Албанија треба заедно, во пакет да добијат датум за почеток на пристапни преговори со унијата и истакнуваат дека пристапниот процес во ЕУ, паралелно е и процес на внатрешни реформи за самите земји.
Ново на Сител
-

Државниот архив одбележува 75 години од основањето
-

Облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h
-

Со „Б“ категорија возачите ќе можат да управуваат мотоцикли до 125 кубика, поднесен предлог закон
-

Босанец издава балкон со поглед на стадионот во Зеница за Босна – Италија, му нуделе „Лада Нива“, тон компири...
-

Кривична против велешанец, со измама зел 4.000 евра од неготинец
-

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава
-

Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
-

ОЈО ГОКК ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче Јовановски
