Свет
17. October 2016 - 9:48

Грција ја предупреди Албанија: Внимавајте ние сме посилни

Атина ја предупреди Тирана да покаже „поголема внимателност“ во врска со прашањето за Чамите, бидејќи, според шефот на грчката дипломатијата Никос Коѕиас,Грција е многупати посилна од Албанија, споменувајќи го при тоа и системот за одбрана.

- Грција ја надминува Албанија во секој поглед. Има десетпати повисок БДП, повеќе системи за одбрана и бебзедност и економски повеќепати посилна. Тие се зависни, кога станува збор за економијата од депозитите на емигрантите, инвестициите и надворешната трговија. Исто така, имаме асиметрична застапеност на меѓународната арена. Затоа е најдобро да соработуваат, да бидемe реални и да помогнат да создадеме взаемно корисни односи. Да ги решаваме отворените прашања врз основа на меѓународното право и европската традиција, изјавил Коѕиас, според тиранската телевизија Топ чанел.

Според него, Чамите, Албанци кои по Втората светска војна се протерани од Грција, вршеле воени криминални дела за што и биле „еднаш и тоа добро осудени од грчките судови“.

- „Прашањето за Чамите“ се однесува на овој дел од Чамите, а не 160 илјади или повеќе нивни потомци, кои ниту имале, ниту имаат каква било врска со Грција и криминалот од тој период. Втората грешка е што по 2008 година, поради кризата некој ја потцени Грција и смета дека може да си поигрува со неа, нагласи Коѕиас.

Шефот на грчката дипломатија уште додаде дека во Албанија „постојат гласови“ кои посакуваат добри односи меѓу двете земји, додавјаќи дека тие треба да ги решат проблемите без писуство на трета страна.

- Ќе ги решиме проблемите со земјите кои се стремат да се приклучат кон Европа, пред отпочнување на преговорите со ЕУ. Се надевам дека го разбираат ова бидејќи тоа е во нивни интерес, рече Коѕиас.