Грција испраќа помош за поплавените подрачја во Македонија

По налог на грчката Влада, попладнево во Македонија ќе биде доставен првиот дел од помошта на Грција за катастрофата предизвикана од поплавите на 6 август, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Генералниот секретаријат за заштита на граѓаните со помош на противпожарната служба испраќа пет преносливи пумпи и пет генератори за да им помогне на луѓето погодени од поплавите.
Грчкото МНР уште соопшти дека во тек се консултации меѓу Министерството за цивилна заштита и македонското Министерство за внатрешни работи за дополнителна помош, која на македонските власти им е потребна за да се одговори на потребите на погодените во поплавите.
Во меѓувреме, Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека преку Механизмот за цивилна заштита од ЕУ, донацијата од Грција ќе пристигне околу 16:30 часот.
Донацијата ќе ја предаде заменик амбасадорот од амбасадата на Грција во Скопје, а на примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат и претставници од Владата на Република Македонија. Ќе биде предадена во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населбата Аеродром каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.
- Со ова започнува пристигнувањето на очекуваната помош преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија чија членка е и Република Македонија преку Дирекцијата за заштита и спасување, посочуваат од Дирекцијата.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
