Грција и Унгарија меѓу земјите со најмалку измами околу интернет-продажбата
Три отсто од интернет-страниците имаат доверба кај под 30 отсто од испитаниците, посочува глобалната анализа на 22,5 милиони интернет-страници на дигитални продавници. Натаму, се вели и дека 13 отсто од страниците уживаат доверба од 70 отсто или помалку.
Како што објави страницата Скамадвајзер.ком, оттаму проверката ја извршиле со свој алгоритам врз основа на 40 независни извори на податоци.
Меѓу помалите земји – Еритреја, Тувалу, Бенин, Свази, и Кина спаѓа во оваа група држави со најголем број недоверливи интернет-страници. Тоа значи дека само 12 отсто од нив имаат задоволителна доверба кај потрошувачите. По неа следат САД со девет отсто.
Инаку, целта на Скамадвајзер е да ги предупреди потрошувачите не само на измами околу купувањето на интернет, туку и на тн. „фишинг-страници“, спам и лажни производи. Над 2,5 милиони купувачи месечно го користат Скамадвајзер за да ја проверат исправноста на некоја интернет-продавница – ИП адресата, врските за контакт, оценките на корисниците и сè останато.
Меѓу поголемите земји, во Грција, Унгарија, Аргентина и Данска има најмал број интернет-измами. Во ваквите земји, се врши темелна проверка на инернет-страниците за продажба со ознаката на националниот домејн на себе.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци