Грција и кредиторите се договорија за фискалните цели
Грција и меѓународните кредитори, кои преговараат за условите за новиот финансиски план за спас, се договорија за финалните фискални цели за примарниот буџетски суфицит од 2016 година натаму, соопшти грчки владин претставник.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, целите, кои само малку се разликуваат од претходното основно сценарио, предвидуваат примарен буџетски дефицит од 0,25 проценти од БДП во 2015 година, потоа 0,5 проценти вишок во 2016 година, 1,75 проценти во 2017 година и 3,5 проценти во 2018 година.
- Целите на примарниот буџет се финализирани. Исто така е договорено да не се воведуваат нови мерки оваа и следната година, изјавил анонимен извор за грчките медиуми кој учествува во преговорите меѓу претставниците на грчката Влада и меѓународните кредитори во Атина.
Грција моментно преговара за условите за третата финансиска помош во вредност до 86 милијарди евра. Атина сака да склучи договор пред да доспее плаќањето на долгот кон ЕЦБ на 20 август.
Ново на Сител
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари