Грција го задржува правото од Германија да бара репарации за Втората светска војна

Грција го задржува правото да бара од Германија репарации за Втората светска војна, се наведува во таен извештај, изготвен од грчкиот Државен правен совет, пишува весникот „Имерисија“.
Во извештајот Советот предлага Грција да преземе два чекора, доколку сака да бидат исполнети нејзините барања за репарација.
Според авторите на документот првиот чекор би бил Германија да биде поканета по допломатски пат на преговори, а вториот предвидува Грција да се обрати до Арбитражниот суд во Лондон, доколку Германија одбие да седне на преговарачката маса или доколку не биде постигната спогодба меѓу двете земји.
Извештајот бил доставен до компетентните грчки министерства.
Германија досега категорично одбива да и исплати на Грција репарации за злосторствата на нацистите од Втората светска војна.
Ново на Сител
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
-

Последни подготовки за Вевчански карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
