Грција го испраќа Корпусот за брза интервенција „Делта“ во Идомени
Началникот на Генералштабот на националната одбрана на Грција (ГЕЕТА), Евангелос Апостолакис нареди во реонот на островот Инусес во близина на Турција и во северна Грција во регионот на градот Кукуш и Идомени на границата со Македонија, да бидат испратени припадници на Вооружените сили на земјата, објави атинскиот весник „Катимерини“.
Целта на мобилизацијата е да биде активирана воздушната одбрана на островот Инусес и на тој начин да биде испратена јасна порака до Турција, чии воени авиони последните денови прелетуваат над островот, прекршувајќи го воздушниот простор на Грција, наведува весникот.
Според „Катимерини“, како одговор на „мобилизацијата на македонските безбедносни сили кај граничниот премин Идомени“, грчките власти во северниот дел на земјата ќе го испратат Корпусот за брза интервенција „Делта“.
Весникот нагласува дека целта на ваквиот потег е „да се зајакне чувството за безбедност кај жителите во пограничните области“.
Ново на Сител
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
-
Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп
-
Истражителите сметаат дека смртта на Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“
-
Организирале борба со кучиња - уапсени три лица во тетовско
-
Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет
-
Џулијани: Пресудата за Додик е јасен политички прогон