Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
40 државјани на трети земји, од кои десет Грузијци и 30 Пакистанци, чии барања за азил биле одбиени, вчера беа депортирани од Грција во координирана операција на грчката полиција и ФРОНТЕКС, во соработка со Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина.
Од надлежното Министерство соопштија дека според официјалните податоци на Евростат за 2024 година, Грција е на четвртото место меѓу земјите-членки на ЕУ во враќањето на одбиените баратели на азил, „што во пракса покажува спроведување на строга, но праведна миграциска политика“.
Министерот за миграција и азил на Грција Николаос Панајотопулос рече дека оваа миграциска политика „се базира на заштита на границите, на брзо и ефективно испитување на барањата за азил и интензивирање на враќањето на оние кои немаат право на меѓународна заштита“.
– Операцијата за враќање, спроведена во соработка со грчката полиција, ФРОНТЕКС и Министерството за миграција и азил, ја потврдува нашата посветеност на строго спроведување на европската и националната рамка за управување со миграцијата, истакна Панајотопулос.
Додаде дека Грција обезбедува азил исклучиво на оние кои имаат право на тоа, „додека оние кои не ги исполнуваат условите се враќаат во нивните земји на потекло“.
– Ефикасната политика за враќање не е само грчки приоритет, туку и европска неопходност.
Потребна е заедничка европска стратегија која ќе ја зајакне соработката и со земјите на потекло и со трети земји, обезбедувајќи брзо и координирано враќање на оние кои немаат право на меѓународна заштита, истакна грчкиот министер.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила