-->
-->
Грција четврти ден зафатена од студен бран и несвојствено ниски температури
-->
Четврти ден по ред, Грција е зафатена од студен бран со несвојствено ниски температури за овој период од годината и можност за локални врнежи од снег, дури и во деловите со мала надморска височина, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.
За време на викендот, ниските температури донесоа и снег во речиси сите делови на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а според прогнозите и во текот на денешниот ден се очекува облачно и студено време, со дожд или лапавица во приморските и ниски области.
Во текот на денешниот ден, според Националната опсерваторија, најниски температури, до 11 степени под нулата се очекуваат во северна Грција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември