Грција бара санкции за членките на ЕУ кои еднострано одлучуваат да не ги пуштаат бегалците

Грција бара на лидерската средба на Европската унија во Брисел да биде разгледана можноста за воведување санкции за земјите-членки, кои одлучиле еднострано да не ги пуштаат бегалците.
Грчкиот заменик-министер за одбрана Димитрис Вицас, кој раководи со Координативниот центар за миграција во земјата изјави денеска дека во Европа не треба да има „држави-тврдини“.
Грција постојано ја критикува Австрија поради тоа што го ограничи бројот на мигрантите, кои влегуваат на нејзина територија, што имаше домино ефект врз Балканот и доведе до блокирање на околу 46 илјади мигранти во Грција.
Во оваа бројка се и 14-те илјади бегалци кои живеат во кампот во регионот на Идомени на затворената граница со Македонија.
Грчките власти се обидуваат да ги убедат луѓето во Идомени да се преместат во прифатните центри, но не смеат да употребат насилство за да ги принудат на тоа.
Ново на Сител
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
