Грција бара една милијарда долари за вооружување
Владата во Атина планира да го забрза усвојувањето на законските процедури кои обезбедуваат расходи за вооружување во износ од една милијарда евра за потребите на трите видови војници, пишува весникот „Катимерини“.
За предлогот за таквите расходи се дискутирало на парламентарната комисија за вооружување. Претставници од сите партии во оваа комисија се согласиле дека има потреба да се преземат иницијативи за одржување на вооружувањето на армијата.
На седницата била одобрена и распределбата на речиси 55 милиони евра за поддршка на постоечките воени авиони за транспорт C-1340 и C-27.
Најголем дел од дискусијата била фокусирана и околу предлогот за одобрување на расходи во износ од една милијарда евра. Средствата треба да се доделат со цел итно исполнување на потебите на трите видови војници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот