Грчкото Министерство за цивилна заштита соопшти дека на некои протести повеќе нема да се користи солзавец

Грчкото Министерството за цивилна заштита презеде политичка одговорност за употребата на хемикалии за време на денешниот протест на пензионерите во Атина.
Министерството издаде соопштение во кое се вели дека употребата на хемикалии ќе биде забранета за време на пензионерски и работнички протести.
Грчката полиција претходно употреби солзавец за да ги растера стотиците пензионери кои протестираа поради мерките за штедење и намалување на пензиите. Околу илјада пензионери се собраа во близина на владината зграда, скандирајќи пароли и изразувајќи незадоволство од, според нив, „незаконското и бесчувствително одземање на нивните доходи“.
Десетици од нив, кои беа на чело на протестите, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да превртат автобус на интервентната полиција, по што беше употребен солзавец.
Грчката Влада годинава ги намали пензиите во согласност со преземените обврски кон меѓународните кредитори, со цел да биде одобрен третиот спасувачки пакет финансиска помош за земјата.
Ново на Сител
-

Македонија со 23 кикбоксери на „ВАКО Балкан опен 2025“ во Тешањ
-

Трамп вели дека сака Кина да „помогне“ во односите со Русија
-

Специјалниот претставник на Кремљ изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина
-

Се интензивираат активностите на противкандидатите за градоначалници на осум дена пред финалното гласање на 2 ноември
-

Ноќеска почнува зимското сметање на времето
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Карни: Канада е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД
-

Мицкоски од Валандово: Резултатот од црната кампања на СДСМ се покажа на 19 октомври со нивните три општини
