Грчкото Министерство за цивилна заштита соопшти дека на некои протести повеќе нема да се користи солзавец

Грчкото Министерството за цивилна заштита презеде политичка одговорност за употребата на хемикалии за време на денешниот протест на пензионерите во Атина.
Министерството издаде соопштение во кое се вели дека употребата на хемикалии ќе биде забранета за време на пензионерски и работнички протести.
Грчката полиција претходно употреби солзавец за да ги растера стотиците пензионери кои протестираа поради мерките за штедење и намалување на пензиите. Околу илјада пензионери се собраа во близина на владината зграда, скандирајќи пароли и изразувајќи незадоволство од, според нив, „незаконското и бесчувствително одземање на нивните доходи“.
Десетици од нив, кои беа на чело на протестите, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да превртат автобус на интервентната полиција, по што беше употребен солзавец.
Грчката Влада годинава ги намали пензиите во согласност со преземените обврски кон меѓународните кредитори, со цел да биде одобрен третиот спасувачки пакет финансиска помош за земјата.
Ново на Сител
-

Путин: Советниците на Трамп кои бараат санкции за нафтената индустрија на Русија работат против САД
-

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија
-

Обединетите нации одбележуваат осум децении постоење
-

Фицо: Планот на ЕУ за конфискација на рускиот имот може да доживее фијаско
-

Герапетритис: Западен Балкан треба да се третира со врвен приоритет – европското семејство е единствениот пат
-

„Фол“: Ахмети размислува за повлекување по локалните избори
-

Почнува зимскиот ред на летање
-

Прекин на сообраќајот на патот Скопје – Куманово кај Хиподром поради излетано товарно моторнo вoзилo
