Грчко МНР: Да запре ескалацијата на насилството во Ерусалим и Газа
Грција ја изразува нејзината силна загриженост за неодамнешните ракетни напади врз цивили во Израел, кои се за осуда и повикува на нивно итно прекинување, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција и истакнуваат дека „ескалацијата на насилството како во Ерусалим, така и во Газа мора да запре”, јави дописничката на МИА од Атина.
-Паралелно, признавајќи го правото на Израел за самоодбрана, одново ја повторуваме потребата сите страни да преземат активности што ќе доведат до непосредна деескалација. Исто така, мора да се преземат чекори за да се избегнат нови жртви меѓу цивилното население, пишува во соопштението од грчкото МНР во кое додаваат дека решавањето на спорот меѓу Израелците и Палестинците врз основа на решение за две држави е „неопходен предуслов за целосен мир и стабилност во регионот”.
Ново на Сител
-
Невреме со силен ветар, дожд и град попладнево го зафати кумановскиот регион
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Тема на денот со Миле Маркоски декан на ФЗНХ
-
Приватните специјализанти уште еднаш потсетија за нивните барања за поголеми плати и осигурување
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника