Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите во пресрет на најавениот протест во вторник во Атина
Земјоделците од цела Грција и во текот на викендот продолжуваат со блокадите и активностите во пресрет на протестот во Атина што го закажаа за вторник попладне, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно земјоделците го зголемуваат притисокот кон властите за да им дозволи на собирот да стигнат со трактори, откако вчера добија негативен одговор од министерот за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис.
Во текот на денешниот ден закажани се низа симболични блокади, меѓу кои и затворање на автопатот од Солун кон Халкидики, автопатот Егнатија, затворање на граничниот премин кон Албанија.
На граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија веќе извесно време се паркирани трактори кои се подготвени, доколку биде одлучено, да постават блокада, но веројатно само за сообраќај на камиони.
Засега нема најави за затворање на конкретните гранични премини.
Земјоделците кои во вторник нема да патуваат во Атина, најавуваат затворање на патиштата, автопатите, граничните премини, пристаништата па дури и аеродромите и порачуваат дека нема да се откажат и ќе продолжат со активностите.
Грчките земјоделци во вторникот се сретнаа со премиерот Кирјакос Мицотакис кој им соопшти дополнителни мерки за поддршка, меѓутоа по средбата коментираа дека не биле исполнети сите нивни барања и објаснија дека ќе ги информираат нивните колеги по што одлучија да одржат протест во Атина.
Земјоделци речиси еден месец протестираат со поставени над 55 блокови низ целата земја, повремено блокираат патишта, автопати и гранични премини, како што е случај со премините Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија.
Ново на Сител
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје