Грчките земјоделци денеска ќе протестираат во Атина
Грчките земјоделци, кои веќе три недели ги блокираат патиштата низ земјата, денеска ќе одржат протестен митинг во Атина против најавените владини реформи, пренесува БТА.
Фармерите бараат укинување на осигурителните тарифи, намалување на возраста за пензионирање, неоданочен семеен приход од 12.000 евра и неоданочено гориво, ниски загарантирани цени за нивните производи, како и пониски камати за земјоделските кредити до 200.000 евра.
Демонстрантите јавија дека Владата одби да ги исполни нивните барања, па затоа ги повикаа и работниците да ги поддржат во протестот.
Министерот за земјоделие, Вангелис Апостолу, соопшти дека финасиската состојба на земјата не дозволува осигурување на натамошната помош, но изрази подготвеност за институционална интервенција при решавање на проблемите во секторот со цел да се намалат трошоците на производство.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата