Грчките власти почнаа да ги префрлуваат во Атина имигрантите од грчко-македонската граница
Грчките власти почнаа да ги префрлуваат во Атина имигрантите, кои се наоѓаат на грчко-македонската граница, пишува електронското издание на грчкиот весник „Етнос“.
Целта е да се стави крај на напнатата ситуација, која се создаде во реонот на грчкото погранично село Идомени, поради одлуката на македонските власти да пуштаат на своја територија само граѓани на Сирија, Авганистан и Ирак, кои бегаат од земјите зафатени од војна, пишува весникот, пренесува БТА.
Вториот министер за имиграциона политика Јоанис Музалас вчера соопшти дека натрупаните имигранти ќе бидат префрлени во грчката престолнина.
- Имаме места, каде што ќе ги сместиме времено тие луѓе. Почнавме кампања за нивно префрлување од Идомени. Не веруваме дека ќе ја отворат границата за нив, рече Музалас.
Според информацијата во заедничка кампања со Врховниот комесаријат за бегалци на ОН досега во Атина се префрлени 200 лица.
На границата со Македонија се блокирани 850 бегалци и имигранти при што се очекува во наредните денови и тие да бидат префрлени.
Ново на Сител
-
Бил Гејтс вложува 912 милиони долари во борба против СИДА, туберкулоза и маларија
-
Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан
-
Сончево до среда, од четврток промена на времето
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје