Грчките власти ќе премесуваат бегалци од островите во помали градови
Грчките власти планираат да преместат 20.000 бегалци од островите во источниот дел на Егејското Море во станови и куќи во мали градови, јавија некои грчки медиуми.
Според „Прото Тема“, грчкото Министерството за миграциска политика изработило план, според кој, во мали градови со население до 15.000 жители и со економски проблеми ќе бидат сместени до 1.500 бегалци во живеалишта кои државата ќе ги изнајми од приватни лица. Мигрантите исто така ќе добиваат купони за храна во локалните ресторани или други објекти каде ќе добиваат разни услуги.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, основа на планот е моделот кој од неодамна го применува град во централна Грција, кој прими 290 бегалци и чиј број се очекува да порасне до 500 лица.
Со ваквото преместување на бегалци и мигранти, грчките власти сакаат да го намалат притисокот од престојот на бегалци на островите во источниот дел на Егејското Море, а во исто време тоа да има и економски ефект за помалите населени места.
Ново на Сител
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат