Грчките супермаркети ги симнуваат цените на 2.180 производи по интервенција на Владата
По иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи во просек за 8 отсто. Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА.
Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината цел е да ги убеди трговските синџири да го намалат својот просечен профит кај овие производи во полза на општеството, а особено на ранливите групи.
Телевизијата Скај прецизира дека намалувањето опфаќа 2.180 производи, од кои 1.074 се прехранбени производи, а 1.106 се од други категории. Од вкупниот број, 1.356 се сопствени брендови на синџирите, додека 824 се брендови на други компании. Намалените производи опфаќаат околу 10 отсто од вкупниот асортиман во супермаркетите.
Новинарот Никос Филипидис за Скај соопшти дека намалувањето на цените ќе започне да биде видливо на рафтовите на продавниците кон крајот на седмицава. Овие производи ќе бидат специјално означени, а на етикетата ќе биде наведен и процентот на намалувањето. Целта на Владата е пониските цени да се задржат најмалку до крајот на годината.
Ново на Сител
-
Стартуваше интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево
-
„Топката е кај вас, ЕУ е подготвена“, вели Фон дер Лајен по средбите со Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши
-
Тема на денот со кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски(ЗНАМ)
-
Урсула Фон дер Лајен на средби со македонскиот државен врв
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
-
Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање