Грчките спасувачки тимови се вратија од Турција
Со аплауз, доцна синоќа, на атинскиот аеродром биле пречекани грчките спасувачки тимови, кои се вратија од Турција, откако изминатата седмица помагаа во потрагата и спасување по силниот земјотрес што ја погоди земјата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Припадниците на спасувачките тимови биле пречекани и поздравени од министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилианидис и од министерот за здравство Танос Плеврис, кои истакнале дека спасувачите, во пракса покажале што значи солидарност.
Еден од спасувачите истакнал дека го направиле она што ќе го направеле и во Грција.
-Не направивме ништо повеќе, ни ништо помалку од она што ќе го направивме во нашата земја, рекол Димитрис Рупас, шеф на специјалната спасувачка единица.
Грција испрати во Турција 36 спасувачи, двајца инженери, осум лекари од брзата помош, три кучиња и три специјални возила.
Ново на Сител
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат
-
Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“
-
Многу топло и денеска, владините препораки за заштита ќе траат до вторник, пад на температурите од среда