Грчките новинари закажаа 48-часовен штрајк
Грчките новинари ќе одржат 48-часовен штрајк во знак на протест против владините предлози за реформи во социјалното осигурување, одлучено е на синоќешната средба меѓу сите релевантни новинарски синдикати, јави дописникот на МИА од Атина.
Според соопштението, весниците, списанијата, онлајн медиумите, новинската агенција АНА-МПА, Генералниот секретаријат за информации и комуникации и сите прес-канцеларии ќе штрајкуваат од шест часот во четврток на 21 април, до шест часот во сабота на 23 април.
Јавните и приватните телевизии и радио станици ќе штрајкуваат од шест часот во петок на 22 април до шест часот во недела на 24 април.
За 22 април повторно е закажан состанок на Управниот совет на Грчката федерација на новинари на кој ќе се одлучува за понатамошно дејствување.
Ново на Сител
-
ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид
-
При израелски напад погодена иранската државна телевизија
-
Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии
-
Субвенции од 2.000 денари месечно за сите средношколци од прва година од кривопаланечката гимназија
-
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-
Полицаец во Тетово одавал службени тајни за акции и контроли на вработен во казино
-
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја задолжиле државата
-
Министерството за финансии денес или утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10