Грчките медиуми за изгласаната нова Влада на Македонија
„ Македонија: Владата на Ковачевски доби доверба“; „ Македонија: Со 62 гласа „за“ беше избрана Владата на Ковачевски“; Македонија: Владата на Ковачевски доби доверба од Собранието“, се дел од насловите во онлајн изданијата грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА за синоќешното гласање на доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.
АНА-МПА детално го објаснува новиот владин состав, ги пренесува ставовите на новиот премиер за време на расправата во Собранието, како и ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Аналитичарите во Скопје го поставуваат прашањето дали Владата на Димитар Ковачевски ќе може да го заврши својот мандат, кој формално е уште две и пол години. Тоа е затоа што најголемата партија во владејачката коалиција, СДСМ, на неодамнешните локални избори во земјата претрпе убедлив пораз, што предизвика сериозни турбуленции во самата партија, додека десничарската ВМРО-ДПМНЕ, која во моментов се појавува како најголема политичка сила во земјата, на високи тонови аргументира дека новата Влада нема легитимитет, бидејќи постои неусогласеност меѓу власта и народната волја, како што таа беше изразена на локалните избори. Сепак, Димитар Ковачевски вели дека неговата Влада ќе го заврши мандатот и ја отфрла можноста за предвремени избори, објави АНА-МПА.
Грчката новинска агенција коментира и дека „една од „жешките“ теми“ за новата Влада се односите со Бугарија, „која над една година го спречува почетокот на пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ поради отворените национални, јазични и историски разлики меѓу двете земји“.
-Новиот премиер на Бугарија Кирил Петков ќе биде првиот странски лидер што ќе се сретне со Димитар Ковачевски. Петков утре, вторник, 18 јануари, ќе го посети Скопје, каде ќе се сретне со новиот премиер на Македонија, а во фокусот ќе се најдат „проблематичните“ односи меѓу двете земји и можноста за нивна делумна нормализација преку формирање мешани комисии за соработка во различни области, пишува АНА-МПА.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
