Грчките медиуми за брифингот на премиерот Заев

„Двојно ’не’ од Заев за едно име и промена на Уставот“; „Заев отфрла ерга омнес и најавува референдум“; „Зоран Заев поддржува двојно име“; Заев: Не влијае врз Грција како ќе се викаме во внатрешноста“; „Заев: Против ерга омнес име, изводливо решение во текот на мај“, се дел од насловите во грчките медиуми за брифингот на македонскиот премиер и ставовите околу преговорите за името.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, новинарите во Грција, во текстовите во електронските изданија на медиумите, ги пренесуваат изјавите на Зоран Заев во однос на позициите за името, со акцентот ставен на ерга омнес и Уставот.
„Позиција името на ПЈРМ да треба да се користи само за меѓународна употреба, отфрлајќи го барањето на грчката страна за име ерга омнес“, изрази премиерот на соседната земја Зоран Заев, пишува „Катимерини“.
„Како што наведува Владата на ПЈРМ, одговарајќи на прашања на новинарите за името, Зоран Заев истакна дека има напредок во преговарачкиот процес, што дава причина за оптимизам“, пишува Real.gr
„Нова провокација од премиерот на Скопје, додека преговорите за името се во тек. Зоран Заев, говорејќи пред новинарите, според агенцијата МИА, го отфрли барањето на Грција, која бара името на соседот да биде ерга омнес, велејќи дека името треба да се користи само за меѓународна употреба. Според Заев, не е потребна промена на Уставот, бидејќи внатрешното име не се рефлектира врз нашата земја“, пишува весникот „Елефтерос типос“.
Грчките медиуми, ги пренесуваат и ставовите на премиерот Заев во интервјуто за 24 вести.
Ново на Сител
-

Марко Рубио оствари средба со министрите од Г7 за конфликтите што го загрозуваат светскиот мир
-

Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари, на Лисец-Попова Шапка забрана за автобуси и камиони
-

Повремени врнежи од дожд, локално пообилни
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
