Грчките фармери одлучија да ги засилат протестите кон крајот од јануари
Земјоделците во Грција одлучија да ги засилат своите протести кон крајот на јануари, не исклучувајќи ја можноста повторно да ги блокираат националните патишта во земјата, соопшти нивниот штрајкувачки комитет кој викендов одржа состанок во Лариса.
На состанокот присуствуваа претставници на 13 федерации и десетици здруженија на земјоделци од целата земја.
Фармерите бараат да бидат оданочувани само реалните приходи, ослободениот минимум да изнесува 12 илјади евра, да се укине осигурувањето и да се намали старосната граница за пензионирање на 60 години за мажите и 55 години за жените.
Земјоделските производители исто така сакаат загарантирани цени за нивното производство, укинување на единствениот данок на имот и создавање на државен фонд кој сто проценти ќе ги надоместува штетите предизвикани од природните катастрофи.
Ново на Сител
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија