Балкан
24. August 2015 - 8:42

Грчкиот претседател бара самит на ЕУ за кризата со мигрантите

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос предложи да се одржи самитот на лидерите на Европската унија на кој ќе се дискутира за се поголемиот број мигранти и бегалската криза и повика на поблиска соработка со Обединетите нации.

За време на состанок со министерот за здравство, Панајотис Курублис, Павлопулос рече дека миграциската криза „не е само прашање на безбедноста, туку исто така, и хуманитарна криза“.

- Мора да има заедничка европска политика. Ова е обврска на Европската Унија и нејзините институции, истакна гречкиот претседател.
Тој повика итно да се свика самит на лидерите на ЕУ, на кој ќе учествува и Агенцијата на ОН за бегалци.