Грчкиот премиер Ципрас со набиена „европска агенда“ за септември

Грчкиот премиер Алексис Ципрас планира да посети неколку европски земји, меѓу кои и Бугарија, информира грчкиот весник „Катимерини“.
Претставници на Кабинетот на Ципрас соопштија дека во агендата на премиерот сега најважни се посетата на францускиот претседател Макрон на 7 и 8 септември, Меѓународниот саем во Солун неколку дена подоцна, патувањата на Ципрас во Романија, Бугарија и Австрија, пред да им биде домаќин на лидерите на Германија, Шпанија и Италија.
Според „Катимерини“, во моментов вниманието е насочено кон наоѓање соодветен датум за посета на Ципрас на Бугарија, кој по можност би бил пред отворањето на Саемот во Солун, каде би го претставил договорот за железничко поврзување меѓу пристаништата Александрополис и Варна, кој би се потпишал претходно во Софија.
- Тој договор се очекува да придонесе за подобрување на геополитичкото и економското значење и улогата на Северна Грција, пишува весникот.
Договорот за железничка врска меѓу Александрополис и Варна, што треба да биде потпишан за време на посетата на Ципрас во Бугарија, претставува, според дипломатски извори, важен чекор за регионална соработка со геополитичка и економска димензија. Со овој договор, всушност ќе се поврзат четри пристаништа, затоа што се однесува и на пристаништата во Кавала и Бургас.
Ново на Сител
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
-

Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила
-

Дневно над 200 повици во Итна помош поради топлото време
-

Ангелов и Јанчев ќе информираат за состојбата со пожарите во Кавадаречко
