-->
-->
Грчкиот Парламент усвои Закон за медицински канабис
-->
- Со поддршка од владината коалиција и левоцентристичките партии Река и Демократска коалиција, грчкиот Парламент со големо мнозинство го усвои Законот за производство на медицински канабис.Против Законот гласаа пратениците на Нова демократија, Комунистичката партија, Златна зора и Сојузот на центристите.
Опозициската Нова демократија соопшти дека не се сомневаат во тоа дека е корисна употребата на медицинскиот канабис, но смета дека во Законот на Владата недостигаат гаранции, а резултат на тоа би било неконтролирано производство, ширење и одгледување на канабисот.
Министерот за здравство на Грција, Андреас Ксантос изјави дека со законот се прави прв важен чекор за пристап на пациентите до медикаменти што докажано имаат корисно, а во некои случаи и терапевтско дејство.

Според грчкото Министерство за здравство, како што јави дописникот на МИА од Атина, со Ззаконот се регулира производството, контролата и дистрибуцијата на медикаменти што содржат фармацевтски канабис, со цел да се промовираат инвестиции во овој сектор што ќе донесат корист за економијата и државата.
Законот, меѓу другото, дава можност за лесен пристап на пациентите до готови фармацевтски производи од канабис од домашно производство, но и можност за физички и правни лица да одгледуваат различни видови на канабис за обработка на суровини со единствена цел, производство на медицински канабис во Грција
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
