Грчкиот парламент го одобри буџетот за 2016 година

Грчкиот парламент рано утринава го усвои буџетот за 2016 година, пренесува БТА..
Прдлог-буџетот на министерот за финансии Евклидис Цакалотос доби 153 гласа „за" наспроти 145 гласа „против", додека двајца пратеници од 300-члениот парламент беа отсутни.
Буџетот предвидува над пет милијарди евра намалување на трошоците и околу две милијарди евра од повисоки даноци, со цел да се задоволат барањата на меѓународните кредитори.
Владата на премиерот Алексис Ципрас предвидува нула економски раст оваа година и 0,7 отсто во 2016 година. Претходно предвидуваше пад од 2,3, односно 1,3 проценти.
Ципрас пред парламентот изјави дека растот ќе продолжи во втората половина на 2016 година и оцени дека една силна туристичка сезона би помогнала да се избегне рецесија.
И покрај намалувањето на трошоците, се очекува долгот да порасне до 327,6 милијарди евра или 187,8 проценти од бруто домашниот производ во однос на 180,2 проценти во 2015 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
