Грчкиот министер за внатрешни работи оптимист за постигнување добар договор

Грчкиот министер за внатрешни работи и административни реформи Никос Вуцис денеска изјави дека верува оти Грција ќе може да постигне добар договор за условите од пакетот за економско заздравување предаден на меѓународните кредитори.
- Оптимисти сме за добар договор. Ќе разговараме за него и јас сум оптимист дека се ќе биде добро, изјави Вуцис пред парламентарна средба на пратениците од владејачката Сириза.
Грчката Влада на денешната седница на Парламентот ќе бара одобрување на предлогот-реформи за договор со кредиторите на земјата.
Според првичните информации, премиерот Алексис Ципрас во новиот план реформи за стабилизирање на економската ситуација на земјата се согласува на зголемување на данокот и реформа на пензискиот систем, во согласност со барањата на Европската комисија, Европската центрана банка и Меѓународниот монетарен фонд, пренесува Би-Би-Си.
Освен тоа грчката Влада планира да ги намали буџетските трошоци за над 12 милијарди евра.
Грција во замена за отстапките очекува кредиторите да дозволат ревизија на целните параметри за првичниот буџетски суфицит за следните четири години и одобрување нова финансиска помош од 53,5 милијарди евра до крајот на јуни 2018 година.
Министрите за финансии на земјите од еврозоната утре се очекува да ги анализираат предложените реформи, а во недела тие ќе бидат резгледани и на Самитот на ЕУ.
Ново на Сител
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Финансиска полиција со кривична против претседателот на Регулаторна, Бислимовски тврди дека постапките биле законски
-

ИЈЗ: Се намалува бројот на болни од грип, но ширењето на вирусот се уште е со среден интензитет
-

Камионџиите ја прекинуваат блокадата на границите, иако ЕУ не понуди брзо решение
-

Кривична за Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-

Европската унија допрва ќе го решава проблемот на камионџиите
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
