Грчкиот министер за миграција ја обвинува ЕУ за хипокризија
Грчкиот министер за миграција Јанис Музалас ги обвини денеска државите од ЕУ за хипокризија и лажење во врска со начинот на кој неговата држава се бори со огромниот прилив на мигранти од Турција.
– Оваа приказна дека не ги контролираме нашите граници е лага. Имаме најдобра контрола на границите по море од кој било друг, изјави тој за Би-Би-Си.
Грција на самитот на ЕУ што почнува утре ќе информира за напорите да се регистрираат мигрантите кои доаѓаат во државата.
Музалас истакна дека е лага оти Грција не обезбедила доволно сместувачки капацитети за бегалците. Тој вели дека главна причина за тоа што Вадлата била бавна во регистрацијата и идентификацијата на мигрантите е што ЕУ бавно обезбедувала потребна опрема и персонал.
– Зошто сега имаме голем напредок во регистрацијата од 10 на 90 отсто? Затоа што ни испорачаа машини кои ги баравме – Еуродак (база на отисоци од прсти), вели Музалас.
Тој упати остри критики кон Унгарија и Словенија и неколку други земји во ЕУ кои испратиле полицајци за да им помогнат на македонските власти да патролираат на границите со Грција и спречат мигранти илегално да преминат во Македонија.
– Зарем Грција е непријател на Европа, запраша грчкиот министер.
Ново на Сител
-
Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени
-
Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година
-
Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата
-
Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот
-
Обвинение за криумчарење луксузни автомобили
-
Судски совет денеска избира нов претседател
-
Се трага по уште едно лице – возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар
-
Зеленски: Непредвидливоста на Трамп може да помогне да го запреме Путин