Грчкиот државен долг следната година ќе достигне 343 милијарди евра
Државниот долг на Грција следната година ќе достигне 343 милијарди евра, што ќе претставува негово највисоко ниво, како резултат на одлуката на Владата во Атина за создавање на капитални резерви во износ од 13,7 милијарди евра со цел земјата да може да се врати на пазарите на капитал.
Како што јави атинскиот весник „Вима“, ваквиот долг е предвиден со предлог-буџетот на Грција за 2018 година, кој се очекува да биде усвоен од Парламентот на 22 декември.
Средствата за капиталните резерви се предвидува да бидат обезбедени од Европскиот стабилизациски механизам или преку емисија на државни обврзници, со чија продажба би требало да се покријат доспеаните рати од претходните кредити.
Експертите проценуваат дека на крајот на годинава грчкиот долг ќе достигне 332,8 милијарди евра, што ќе претставува 186,4 проценти од БДП. Предвидувањата се во првите шест месеци од следната година тој да порасне на 343 милијарди евра, што ќе претставува 185,7 проценти од БДП.
Со буџетот за следната година се предвидува економски раст од 2,5 проценти и суфицит на буџетот од 3,82 отсто. Од даноци се очекува да бидат собрани 951 милион евра, а од приватизацијата на јавни претпријатија 2,76 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат