Грчки министер кон граѓаните од опожарените места: Сами сте виновни!
Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос во опожарените населби околу Атина бил дочекан со гнев од локалното население, но тој им возвратил дека сами се виновни затоа што дозволиле да никнуваат дивоградби.
Жителите по 15-те пожари и 82-те жртви, за страшните последици ја обвиниле власта.
Каменос за ваквиот распоред на градбите ги обвинил жителите и рекол дека илегалните градби ги спречиле луѓето во бегството. Бесните жители го дочекале во текот на посетата на уништените подрачја источно од Атина.
-Дозволивте луѓе да изгорат. Нè препуштивте на божја милост, рекла една жена пред министерот.
Тој ги демантирал обвиненијата дека владата потфрлила и не успеала да ги заштити своите граѓани.
-Станува збор за злосторство од минатото. Брегот на Атина, сите тие градби, повеќето се без дозвола и го зафатиле брегот спротивно од правилата, рекол Каменос.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари